„Барселона не беше доволно доследна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона синоќа после пресврт дојде до победа над Еибар со резултат 4:2, но оваа победа сепак не беше доволна за Каталонците да ги помрсат плановите на Реал Мадрид кој со победа над Малага ја потврди титулата шампион на Шпанија.

После натпреварот, за натпреварот, но и за сезоната што помина за Барселона зборуваше тренерот на оваа екипа, Луис Енрике.

„Брзо се опоравивме после лошото отворање, но вистина е дека не бевме доволно доследни во текот на сезоната за да дојдеме до титулата во Ла Лига, ова посебно се однесува на нашите домашни натпревари. На крајот ја плативме цената“, рече Енрике, и додаде:

„Мислам дека екипата направи доста добри работи во текот на сезоната, но, за несреќа, линијата меѓу победата и поразот е тенка. Би сакал кога би можеле да освојуваме титула за титула, но нашите ривали што ја сакаат истата работа и кои го достигнаа нашето ново“.

„Кога ќе победите во Ла Лига вие тоа го заслуживте.  Знаеме дека бевме неуспешни, но тие се врвна конкуренција“, искоментира Енрике и за новиот шампион на Шпанија, Реал Мадрид.