„Реал е заслужено шампион. Им честитам!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Титулата шампион на Шпанија се одлучуваше до последното коло во Ла Лига, а иако Барселона имаше теоретски шанси да го помине Реал Мадрид до затворањето на сезоната, Мадриѓаните беа сигурни против Малага и така ја потврдија титулата.

Барселона во последното коло го совлада Еибар, но сеедно, заврши на второто место, со три бода помалку од Реал, а капитенот на Каталонците призна дека нивниот најголем ривал, едноставно, биле подобри во оваа сезона.

„Па, победивме. Ја извршивме нашата задача, но Реал беше подобар од нас. Им честитам“, изјави Иниеста.

Искусниот играч за врска на Барселона, исто така, ја отфрли можноста дека неговите соиграчи против Еибар пропуштија шанси бидејќи дознале за раното водство на Реал на Ла Росаледа.

„Не промашувавме поради тоа. Победивме…Се останато е помалку важно. Штета е што не беше доволно. Знаевме дека Реал постигна гол, но и ништо повеќе од тоа“, рече Шпанецот, па додаде:

“Го извршивме својот дел од работата, но не беше се во наши раце“.