Ф1 трката во Бразил нема да се вози следната сезона?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според пишувањата на неколку познати светски автомото сајтови од следната сезона во Формула 1 би можела да биде исклучена големата награда за Бразил, која секогаш се вози при самиот крај на сезоната.

Работите на култната стаза во Интерлагос за реновирање на старите делови од патеката одат премногу спорто, а кај Берни Еклстон нема многу „втори шанси“. Исто така првиот човек на Ф1 не е задоволен од ТВ преносите во Бразил.

Трката за големата награда на Лас Вегас би ја заменил трката во Бразил, но сигурно е дека нема така лесно да се откажат луѓето кои работат на стазата во Интерлагос, која се вози од 1973 година.