ФК Победа ги продолжува подготовките во Прилеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Победа ги завршија подготовките во Банско Бугарија и од вчера со тренажниот процес продолжија во Прилеп. Со оглед на почетокот на работите на реновирањето на теренот на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев,, екипата е принудена тренинзите да ги реализира на теренот на Могила кој е во доста лоша состојба, а ќе го користи и теренот со вештачка трева. Тренажниот процес во вакви отежнати услови на подолг период ќе биде секојдневие за избраниците на Крстески затоа што реновирањето на теренот и неговото оспособување во европски стандарди ќе трае до март-април следната година, кога се очекува Победа се се врати на својот стадион. Стартот на првенството на Првата лига е на 7-ми август а во очекување на ждрепката и распоредот на натпревари повеќе од сигурно е дека прилепчани цела есенска полиусезона и на почетокот на пролетната полусезона како домаќини ќе играат надвор од Прилеп- најверојатно на Градскиот стадион во Битола.
Инаку веќе утре за Победа престои нова проверка на формата. Во 5-ттиот контролен натпревар прилепчани од 17,30 часот на Градскиот стадион во Кичево ќе ги одмерат силите со прволигашот Шкупи, а за в недела е договорено гостување на третолигашот Беласица во Струмица- меч кој ќе се игра во вечерен термин од 21 часот. Во оваа фаза од подготовките на техничко-тактички план и воигрување на екипата за следната среда 27-ми август е закажан и пријателски натпревар со прволигашот Брегалница Штип, кој ќе се игра од 17 часот на стадионот во Пехчево.