Милан избори квалификации во јули, па мора да брза, а денес стигнува засилување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Милан ќе има многу брз старт на сезоната поради ЛЕ, а утрово на лекарски прегледи се појави првото засилување.

Ќе биде необично да се види Милан толку рано на теренот, но тоа е патот до Европа, затоа што стартуваат од 3-то квалификациско коло, а името на ривалот ќе се дознае на почетокот на јули.

Преодниот рок започна за нив и утрово на лекарски прегледи се појави Мусачио, играч кој стигнува од Виљареал.

Овој трансфер беше блиску минатото лето, но проблем беше тоа што Милан немаше толку пари.

Мусачио е платен 15 милиони евра, како и 3 милиони за бонуси.

Тој е само првото засилување, а стигнува и Родригез од Волфсбург.