Ова може само во Англија, го истражуваат простувањето на Тери?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Правилата се јасни, засега сојузот не кажува ништо, но Мојс откри нешто што е против правилата.

Медиумите ја започнаа цела приказна, откако беше договорено Сандерленд да ја исфрли топката во аут за да се прости Тери во 26-та минута.

Со оглед на тоа дека во Англија може да се обложите на аут или слични работи, се појави сомнеж дека би можело ова да се искористи.

Поради тоа се истражува дали некој го злоупотребил ова простување кое го планираше Тери.

Интересно е тоа што Сандерленд не ја исфрли топката во 26-та, туку во 28 кога играчите на Челси побараа тоа да го направи нивниот голман.