Мурињо во проблеми пред финалето против Ајакс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во среда во Стокхолм играат против Ајакс финален натпревар од Европската лига.

Пред избраниците на Жозе Мурињо е најважниот натпревар во оваа сезона бидејќи Црвените ѓаволи со освојувањето на Европската лига ќе изборат директен пласман во Лигата на шампионите.

Познато е дека Златан Ибрахимовиќ нема да игра во финалето бидејќи пред неколку недели се здоби со тешка повреда, а тоа не се единствени проблеми за португалскиот стручнак.

Јунајтед вчера во последното коло од Премиер лигата на Олд Трафорд го совлада Кристал Палас со 2:0, а многумина ги загрижи фактот дека Пол Погба мораше да го напушти теренот.

Иако се чинеше дека Мурињо измената ја направи тактички со цел да го одмори Французинот за финалето, се чини дека работите се нешто подруго.

Имено, англиските медиуми пренесоа денеска дека Погба ќе го напушти теренот бидејќи има проблем со повреда на коленото на десната нога.

Наводно, поради тоа ќе го пропушти мечот против Ајакс, но од Јунајтед сеуште не се огласија по повод ова прашање.