Баварска реконструкција, Анчелоти продава тандем?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карло Анчелоти подготвува големи промени во тимот на Баерн од Минхен.

Шампионот на Германија позади себе нема задоволувачка сезона поради тоа што е освоена само титулата во Бундеслигата.

Баварците испаднаа во полуфиналето на Купот на Германија, во четвртфиналето од ЛШ, а тоа е недоволно за клуб каков што е Баерн од Минхен.

Тоа го наведува Карло Анчелоти да направи намалување во тимот и да се засили пред следната сезона.

Филип Лам и Чаби Алонсо заминаа во пензија, а покрај нив двајца место во тимот нема да има за Даглас Коста и Ренато Санчез.

Овие двајца играчи немаа многу шанса да играат во текот на сезоната, а тоа поготово важи за Ренато Санчез кој во минатото лето стигна за 35 милиони евра од Бенфика.

Германски Кикер тврди дека Баерн ќе ги продаде двајцата играчи, со напомена дека Џошуа Кимих и Кингсли Коман сигурно остануваат во клубот.

Инаку Баерн планира за парите од продажбата на овие двајца да ги вложи во трансфер на Алексис Санчез од Арсенал.