Никој не се израдува на титулата на Јувентус како Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус вчера на својот терен го совлада Кротоне со 3:0 и така по шести пат по ред стана шампион на Италија.

Старата дама пред домашните навивачи вчера ја прослави новата титула четири дена после што го освоија Купот на Италија.

Пред Јувентус остана уште веројатно најважниот натпревар во сезоната, а тоа е финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Титулата шампион на Италија не се израдуваа само во Јувентус.

Имено, тоа што Јувентус е повторно шампион на Италија оди во корист и на Челси.

Познато е дека на позајмица во Старата дама игра Хуан Квадрадо кој сеуште е играч на лондонскиот клуб.

Меѓутоа, тоа во ова лето ќе се промени бидејќи во неговиот договор постои клаузула која вели дека Јувентус мора да го купи ако стане шампион на Италија.

Челси ќе заработи 20 милиони евра бидејќи оваа клаузула е активирана вчера, а трансферот ќе биде завршен во првиот ден од летниот преоден рок.