Пјаца круна на милионските трансфери на Мамиќ – Динамо за приближи на заработка од 200 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Готова е сагата околу заминувањето на Марко Пјаца од Динамо Загреб. Клубот е 99% Јувентус, а ова ќе биде уште една фантастична работа на загребскиот клуб.

Го сакале или не, на Здравко Мамиќ не можете да му ја одземете успешната продажба на фудбалери. И секако дека лесно му е да продава фудбалери и тоа млади.

Кога и официјално ќе биде комплетиран трансферот на Пјаца, тоа ќе биде јубилеен 30-ти милионски трансфер на Здравко Мамиќ од 2003-та година. Рекордот моментално го држи Лука Модриќ кој за 21 милион евра замина во Тотенхем пред 8 години. Најмалку толку Јуве ќе плати за Пјаца.

Со продажбата на Пјаца, Динамо ќе се приближи до заработка од 200 милиони евра. За овие 29 милионски трансфери Динамо заработил 162.13 милиони евра според трансфермаркет.

Лука Модриќ (2008), 22 години, Тотенхем, 21 милион евра
Едуардо (2007), 24, Арсенал, 13.5 милиони
Ведран Чорлука (2007), 21, Манчестер Сити, 13 милиони
Матео Ковачиќ (2012), 18, Интер, 11 милиони
Дејан Ловрен (2009), 20, Лион, 8.25 милиони
Марсело Брозовиќ (2015), 23, Интер, 8 милиони
Јожо Шимуновиќ (2015), 21, Селтик, 7.5 милиони
Марио Манукиќ (2010), 24, Волфсбург, 7 милиони
Јосип Брекало (2016), 18, Волфсбург, 6 милиони
Огњен Вукојевиќ (2008), 24, Динамо Киев, 6 милиони
Јерко Леко (2003), 23, Динамо Киев, 5.5 милиони
Ивица Олиќ (2003), 23, ЦСКА Москва, 5 милиони
Тин Једвај (2013), 17, Рома, 5 милиони
Домагој Вида (2012), 23, Динамо Киев, 5 милиони
Ален Халиловиќ (2014), 18, Барселона, 5 милиони
Симе Вршаљко (2013), 21, Џенова, 4.88 милиони
Милан Бадељ (2012), 23, Хамбургер, 4 милиони
Дује Чоп (2014), 25, Каљари, 4 милиони
Иво Пинто (2015), 26, Норвич, 3.7 милиони
Никола Покривач (2007), 22, Монако, 3.5 милиони
Боштјан Цесар (2005), 22, Марсеј, 2.5 милиони
Самир (2013), 26, Гетафе, 2.5 милиони
Хрвоје Чале (2008), 23, Трабзонспор, 2.2 милиони
Гордон Шилденфилд (2007), 22, Бешикташ, 1.7 милиони
Иван Бошњак (2006), 27, Генк, 1.7 милиони
Нико Крањчар (2004), 20, Хајдук, 1.5 милиони
Андреј Крамариќ (2013), Ријека, 1.2 милиони
Гоце Седлоски (2004), 30, Вегалта Сендаи, 1 милион
Фатош Бекирај (2013), 25, Јатаи, 1 милион