Понудата е испратена – Барселона ја сака ѕвездата на Баерн Минхен


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Португалскиот репрезентативец, Ренато Санчез минатото лето во Баерн стигна како големо засилување од Бенфика.

Баварците минатото лето го платија 35 милиони евра. Санчез на почетокот на сезоната беше стандарден, но потоа фудбалерот на Баерн натпреварите ги гледаше од клупата.

Шпанските медиуми денес соопштија дека интерес за овој фудбалер покажала Барселона која ваводно испратила понуда. Според Спорт, агентот на португалецот, Мендеш му предложил кариерата да ја продолжи во Барселона.

Тешко е германскиот шампион да се откаже од фудбалерот кој важи за еден од најдобрите млади фудбалери во Европа. Карло Анчелоти пред неколку дена изјави дека нема шанса Санчез да оди на позајмица или Баерн да го продаде.