Навивачите изненадени: Чудна одлука на челниците на Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во среда навечер играат во Стокхолм финале на Европската лига против Ајакс.

Црвените ѓаволи се надеваат дека ќе ја освојат титулата во ова натпреварување будејќи тоа им донесува директен пласман во Лигата на шампионите.

Навивачите на Јунајтед веќе неколку години чекаат да прослават некоја титула, но се чини дека ќе бидат скратени за славје и ако ја освојат Лига на Европа, бидејќи истото се случи кога го освоија Комјунити Шилд.

Имено, челниците на Манчестер Јунајтед не организираа славје во близината на Олд Трафорд што е традиција на овој клуб.

Тоа го потврдија и од полицијата, но порачаа дека се спремни доколку се предомислат од Олд Трафорд.

„Немавме барање од Манчестер Јунајтед за евентуално прослава на титула. Ние сме спремни на тоа и тоа што сеуште може да се промени. Но, веруваме дека се би било испланирано“, порачаа од полицијата.