Милан прави енормни напори за Џиџи, стоперот доби зелено светло и број 22, преговори во Рим за играчи на Лацио!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Монтела: Го сакам како син…

Милан е пласиран во квалификациите за Лига Европа си потпиша на себе „пресуда“ дека мора порано да ги почне подготовките и сезоната.

Поради тоа и управата на клубот мора да ги забрза операциите на фудбалскиот пазар.

Првото засилување во „кинеската ера“ за славниот клуб е Матео Мусачо од Виљареал. Трансферот е одамна договорен, а аргентинскиот стопер од Виљареал вчера ги помина лекарските прегледи.

Следи потпишување на договор на четири години, а Росонерите на Виљареал ќе платат 15 милиони евра за оштета плус дополнителни 3 милиони евра низ евентуални бонуси.

Мусачо би требало да го формира стоперскиот тандем со Ромањоли и да ја закрпи дупката која неуспешно ја потполнуваа Палета и Запата.

Веќе се знае и дека ќе го носи бројот 22 на дресот.

„Тој е играч околу кој сите се сложивме“, рече синоќа тренерот на Милан Винченцо Монтела.

Следно засилување треба да биде Рикардо Родригез чиј трансфер од Волфсбург е договорен, но се чека Волците да ја завршат сезоната бидејќи им следи бараж за опстанок до Бундеслигата.

Се бара и засилување на позиција десен бек.

Практично е договорен и трансферот на играчот за врска Френк Кеси од Аталанта.

Желби се Андреа Конти од Аталанта и Алеиш Видал од Барселона.

Тоа не е се. Оперативците на Милан Мирабели и Фасоне вчера претстојуваа во Рим каде што преговараа за можност да доведат двајца фудбалери на Лацио.

Разговараа со агентот на Лукас Биља, кој е желба на тренерт Монтела.

Стратегот на Милан инсистира на доведување на таков тип на играч, се споменуваше Бадељ од Фиорентина, а сега е желба Биља.

Директоритен а Лацио со челниците на Лацио разговараа и околу Кеита Балде.

Сенегалецот влегува во последната година од договорот, но Лацио бара 25 милоиони евра што е практично многу за играч кој ќе биде слободен за година дена.

Следат напорни преговори, а за Кеита е заинтересиран и Јувентус.

„Многу разни „кеита“ се во светот на фудбалот. Овој од Лацио е посебно интересен. Но мораме да знаеме дека секој пат кога зборуваме кога зборуваме за него, цената му расте. Поготово кога од другата страна е Лотито“, истакна Монтела.

Сепак, приоритет на Росонерите во летниот преоден рок не е доведување на новајлии веќе блендирање на суперталентираниот голман Џанлуиџи Донарума кој исто така влегува во последната година од договорот, а многу богати клубови би го дочекале со раширени раце. Што одговара и на неговиот менаџер Мино Раиола.

„Го сакам Џиџи како роден син, но сега е на него да донесе одлука и да биде свесен што сака да биде за да стане голем. Змам дека клубот влегува енормни напори да го задржи и знам колку Џиџи го сака овој клуб. Но има малку време да донесе одлука пред што ќе биде доцна“, рече Монтела.