Ајакс го провоцираше Јунајтед, клубот од Манчестер брзо одговори


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ајакс и Манчестер Јунајтед, во среда, ќе ги одмерат силите во финалето на Лига Европа, а двете екипи освен трофеј сакаат да осигураат и учество во групната фаза на Лигата на шампионите во наредната сезона.

Титулата победник во Лига Европа е единствен трофеј кој недостасува на Манчестер Јунајтед во богата историја на овој клуб, а од Ајакс го искористија овој факт за малку да ја „боцнат“ екипата со која ќе се сретнат во финалето на ова натпреварување.

„Поздрав Манчестер Јунајтед, слушнавме дека нешто ви недостасува во вашите витрини! А ние ќе се потрудиме и така да остане“, напишаа од холанскиот клуб на официјалниот Твитер профил.

„Нашите витрини се веќе поприлично полни, не се грижите – секогаш можеме да направиме малку место“.

Нормално, ни во Јунајтед не сакаа да молчат, па порачаа:

„Ќе дознаеме во среда – ќе видиме во Стокхолм“, додадоа за крај на овие Твитер “препукувања“ од Ајакс.

 

Финалето на Лига Европа се игра во среда на Friends Arenа во Стокхолм.