После оставката на Мојс, легенда на Јунајтед го презема Сандерленд?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дејвис Мојс поднесе оставка на местото тренер во Сандерленд само ден по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.

Некогашниот тренер на Евертон уште во август призна дека Сандерленд многу тешко ќе избори опстанок во Премиер лигата, а неговите процени се покажаа како точни.

Мојс порано наговести дека и во наредната сезона ќе остане тренер на Сандерленд, меѓутоа денеска поднесе оставка на таа функција, а повод својата одлука упати и соопштение.

„Се заблагодарувам на сопствениците и управата на одборот и шансата да го тренирам Сандерленд, би се заблагодарил на навивачите затоа што секогаш така страствено го бодрат клубот, наведе Мојс, и додаде:

„Сакам на играчите и на својот наследник се најдобро во нивните напори за клубот повторно да се врати во Премиер лигата“.

Веќе после неколку часа од оставката на Моја почнаа шпекулации за можен кандидат за тренерската работа во Сандерленд, а според извори од Островот тоа може да биде Рајан Гигс, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Интересно е дека Гигс ја водеше екипата на Јунајтед како привремен тренер токму после што екипата од Манчестер го отпушти Мојс.

Според британските обложувалниците, Гигс, кој го сакаат и во Мидлзборо, е најсериозен кандидат за тренерскиот ангажман на клупата на Црните мачки, додека како уште некој кандидат се споменуваат Алан Пардју и Гери Монк.