Метла за Сан Антонио – Голден Стејт ја освои западната конференција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс стигнаа до нова победа во финалната серија во Западот против Сан Антонио Спарс, 129:115.

Тимот на Сан Антонио на овој натпревар беше без Ленар, Паркер и Ли и водеше само на почетокот на првата четвртина, а потоа домашните го презедоа водството и не го испуштија до крај.

После 12 минути игра, Вориорс имаше плус 12. Во втората четвртина нешто подобра игра на Спарс, но на полувреме заминаа со двоцифрена негатива.

Во третата четвртина Вориорс стигнаа до најголемите 22 поени предност, но Спарс се обидуваа да останат во натпреварот и во еден момент намалија на 10 негатива. Сепак, повторно серија на домашните и за кратко време Сан Антонио повторно имаше 20 поени негатива.

Последната четвртина не донесе нешто ништо, па Голден Стејт победи, ја освои западната конференција и прв се пласира во големото финале.

Стеф Кари со 36 поени го предводеше Голден Стејт. Дурент додаде 29 поени и 12 скока, а Дрејмонд Грин 16 поени. Ману Џинобили со 15 поени беше најефикасен во тимот на Сан Антонио. Гасол и Милсап постигнаа по 14, а Симонс 13 поени.