„Ибра ме инспирираше!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Едисон Кавани откри дека Ибра бил инспирација за него да стане подобар, во време додека биле заедно во ПСЖ.

Ибра го напушти ПСЖ кога го засили Јунајтед, а за својот престо во Париз, тој одигра неколку одлични сезони.

Сепак, по се изгледа дека Кавани ја пополни празнината која во врвот на нападот на ПСЖ остана празна по Ибра.

Иако ПСЖ не успеа да ја одбрани титулата во Франција, Кавани одигра одлична сезона, па така доби и награда за најдобар играч во годината во Лига 1.

„Мислам дека Ибра постигна повеќе од 150 голови додека играше тука. Знам дека тој е голем играч. Многу научив од него. Можев да го видам неговиот став на теренот. Тој е војник, бев инспириран од неговиот став.“