„Ќе разговараме подоцна!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Сасуоло и поранешен фудбалер на Рома, Ди Франческо веќе некое време се поврзува со Рома.

Медиумите пренесуваат дека Спалети би можел оваа недела да го превземе Интер, па така Рома ќе мора да бара нов тренер.

Ди Франческо како поранешен играч се одвојува како очигледен избор, а тој во разговори за медиумите даде интересна изјава.

„Во овој момент размислувам само за Сасуоло. Знам дека постојат некои можности, но за нив ќе разговараме подоцна.“

„Ако постои некој интерес на Рома, ќе разговараме и за тоа. Во сабота ќе разговарам со претседателот на Сасуоло и тогаш ќе ја процениме ситуацијата.“