Селекторот Ангеловски го објави списокот за Шпанија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската А репрезентација на 11. јуни против Шпанија во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Пет дена претходно, на 5. јуни нашиот најдобар национален тим ќе одигра пријателски натпревар со Турција исто така на домашен терен. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 6. коло во Г групата од мундијалските квалификации и контролниот дуел со Турција. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани 22 играчи. За прв пат во А репрезентацијата на Македонија ќе бидат Ељив Елмас, Јани Атанасов и Амел Рустемоски.