„Бев омилена жртва на Тоти“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот голман на Јувентус, Буфон смета дека бил една од омилените жртви на Тоти.

Тоти е пред крајот на кариерата, а најверојатно овој викенд ќе го игра последниот професионален натпревар во кариерата и затоа привлекува многу внимание во Италија, а на неговиот статус реагираше и Буфон.

„Сигурно сум најмила жртва на Тоти.“

„Често игравме еден против друг, му дадов многу голови, а некои беа толку убави што ми беше жал да ги одбранам.“

Буфон и Тоти се добри пријатели и беа порано соиграчи во Италија, но средбата на Рома и Јувентус или Рома и Парма беа посебни токму поради нив.