Квитова најверојатно ќе игра на Вимблдон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чешката тенисерка, Петра Квитова најверојатно ќе игра на Вимблдон, помалку од седум месеци откако ја доби тешката повреда на раката во нападот на крадецот во нејзината куќа.

Двократната шампионка на Вимблдон на 20-ти декември беше исечена по раката со нож и после тоа беше оперирана.

Квитова ќе биде помеѓу учесничките на Вимблдон кој почнува на 3-ти јули. Таа тој гренд слем го освои во 2011-та и 2014-та година.

Таа би можела да се врати на терен и на Ролан Гарос кој почнува во недела, но за тоа ќе донесе одлука во последен момент.

Квитова има освоено 19 турнири, а најдобар пласман на ВТА листата и е втората позиција во 2011-та година. Таа освоено бронзен медал минатото лето на ОИ во Рио Де Жанеиро.