Тренингот на Јунајтед почна со минута молчење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за утрешното финале во Европската лига против Ајакс.

Целосниот мир и контетрација на играчите и стручниот штаб на Јунајтед го наруши вчерашната

трагедија во Манчестер, односно терористичкиот напад кој однесе најмалку 22 животи.

Во Манчестер Јунајтед се одлучија да не присустуваат на официјалната прес конференција во вторник вечер и добија дозвола од УЕФА.

Интересно е дека исто така на денешниот тренер Жозе Мурињо почна со минута молчење, па и на тој начин се оддаде почит на жртвите од нападот, додека клубот издаде и официјална порака во која изрази сочувство на фамилиите на настраданите.

Утрешното финале во ЕЛ се игра во Стокхолм со почеток во 20:45 часот.