Залуден беше евроголот на Велкоски, Пјаца величествено се прости од Максимир


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нашиот шампион е елиминиран од рамките на квалификациите за Лигата на шампионите од Динамо од Загреб после уште еден пораз овој пат со 3:2.

Нашиот шампион во два наврати имаше предност преку голот на Дарко Велкоски и автоголот на Шилденфиелд , а Динамо со двата голови на Пјаца од пенал на два наврати израмни, првиот пат на 1:1, а вториот на 2:2, а за 3:2 погоди Мачадо, а асистент на третиот погодок за Модрите беше Марко Пјаца за него ова беше последен меч за Динамо, тој од следната сезона ќе игра за Јувентус.

Динамо во третото претколо ќе играат против Динамо од Тбилиси.