Валверде не е повеќе тренер на Билбао, следна дестинација Барселона!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона бара тренер, се е извесно кој ќе биде.

Ернесто Валверде најверојатно ќе стане нов тренер на Барселона после што Луис Енрике, кој најави заминување, заминува од клубот.

Овој тренер е тој кој ги исполнува сите услови да стане нов тренер на Барселона, а од денеска стана слободен во изборот на новата средина.

На официјалниот сајт на Атлетик Билбао е објавено дека овој тренер повеќе не е во клубот и дека е слободен во потрагата за нов клуб.

Се е изгледно дека негов нареден клуб ќе биде Барселона, клуб во кој соевремено играше и две сезони.

Го водеше и вториот тим на Баскија, беше во Олимпијакос два пати, во Виљареал сезона каде што е сменет, а од Валенсија замина после петтото место.

Со Билбао играше едно финале на купот, освои суперкуп против Барселона.