Пике испрати јасна порака до Рамос и Карвахал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Играчите на Реал Мадрид во неделата навечер после победата во Малага на улиците на главниот град на Шпанија ја прославија 33 титула шампион.

Кралскиот клуб позади себе го остави лутиот ривал Барселона, и после неколку години пауза титулата шампион повторно стигна на Сантијаго Бернабе.

Многу внимание во текот на прославата на титулата привлекоа Серхио Рамос и Дани Карвахал кои ја искористија шансата да го навредат Жерар Пике.

Познато е дека на оваа релација има доста провокации и од едната и од другата страна, но се чини дека Кралевите овој пат малку претераа.

Карвахал и Рамос во текот на прославата извикуваа “Пике, копиле, поздрави ги шампионите“.

Играчот на Барселона прво се огласи вчера со фотографија, а денеска објасни што мисли за се тоа.

„Веќе разговарав со Дани Карвахал и нашите односи се добри. Не ме вознемирија тоа што Дани и Серхио го направија. Тоа е сосема нормално да се среќни што освоија титула. Среќни се и мораат тоа да го прослават на некој начин“, рече Пике.