Де Шиљо сака да замине, и тоа во големиот ривал на Милан?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Матиа Де Шиљо сака да замине од Милан на крајот на оваа сезона, судејќи според се.

Матиа Де Шиљо и неговиот агент денеска имаа разговор со управата на клубот, а наводно фудбалерот барал да замине.

Најверојатно во Јувентус, пренесува Скај спорт Италија.

Разговорот траеше околу час време, договорот на Де Шиљо истекува на крајот на следната сезона, а Милан најверојатно ќе ја искористи шансата да го продаде веќе сега со цел да успее да заработи нешто од неговото заминување.

Сигурно е дека нема да потпише нов договор со Милан.

Масимилиано Алегри е човек кој сака да го види овој 24-годишен во својот тим, поради тоа што токму тој во Милан го лансираше во првиот тим.

Де Шиљо во оваа сезона имаше проблеми со повредите, одигра само 27 меча во сезоната.

Рикардо Родригез, најверојатно, ќе гиде негова замена на левата страна.