Колумна: Кој друг ако не Јувентус? Од втора лига на чекор до триплета!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус, на латински значи Младост. Јувентус е Дама, стара дама , со младешки дух.
Јувентус е клубот кој ја отсликува бојата на животот, Црно Бела. Јувентус е клубот кој воскресна од мртвите 2006 година.
Јувентус спортски клуб кој функционира како семејство. Јувентус го држи едно семејство веќе 100- години, доказ дека тука се работи за фамилија. а не за кинески и арапски инвестиции, тоа е љубов кон своето чедо.
Јувентус Клуб кој ќе направи од секој фудбалер да биде прво човек, па потоа се, клуб кој секој навивач го доведе до лудост, клуб кој никогаш не се жали на минатото, никогаш не се жали на судиите, никогаш не се жали за ништо, клуб кој ги има дадено најголемите играчи во историјата на фудбалот.
Јувентус клуб кој во 2006 година е исфрлен во втора лига за местење , а 11 фудбалери од истиот клуб истрчуваат на теренот во финалето на светското првенство во 2006 година во Германија, помеѓу Франција и Италија. Клубот кој е исфрлен во втора лига за местење, истите тие играчи се закитуваат со медали ,,Светски Шампиони” Јувентус клуб кој се врати од втора лига и доминира во Италија веќе 6 години, а еве почнува нова епоха и во европа, и тоа е со многу работа и труд, клуб кој беше оштетен финансиски со една милијарда евра, се врати како феникс, и повторно доминира, додека останатите клубови во Италија само се жалат и кукаат, а ниту беа исфрлени од лига, ниту беа финансиски оштетени, тие требаше да бидат светлосни години пред Јувентус, но не се, нивната неспособност не им дозволи да напредуваат, и низ историјата се навикнати да се жалат на судиите, на се живо што постои, но проблемот е во самите тие клубови, кои низ историјата не знаат да менаџираат, низ историјата, купуваат шкарт роба, за големи пари, купуваат разно безборазни играчи, кои го нарушувале мирот во соблекувалната.
Клубови кои се сенка во Јувентус, биле и ќе бидат, и секогаш кривецот ќе им биде друг! Јувентус е клуб кој функционира како војска, ред и дисциплина, и затоа успесите се неизбежни, никој не е поголем од клубот.
Ние сме фамилија,НИЕ СМЕ ЈУВЕНТУС!
Ставовите искажани во оваа Колумна се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Суперспорт.мк
Автор на колумната е Славчо Сани