Бомба во најава: Милан го купува најдобриот играч на Рома?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новите кинески сопственици во Милан веќе почнаа да го градат тимот за наредната сезона

Тие веќе имаат листа на желби на фудбалери, а некои од нив навистина тешко ќе ги „намамат“ во екипа која со години нее во врвот на италијанскиот и европскиот фудбал.

Италијански Скај пренесе денеска информација дека прв на листата не нивни желби е Белгиецот од редовите на Рома Раџа Наинголан, но дека него навистина тешко ќе го ангажираат.

”Имам желба да сум пак со Бертолачи. Би сакал да играм за Милан”.

Милан е заинтересиран за Раџа Наинголан. Сеуште нема контакти во моментов со Рома, само е покажан интерес. Играчот сака да остане во Рома. Ако Рома сака да го продаде, тогаш тој ќе ги разгледа опциите. Покрај Милан, Интер и Јунајтед, за него е заинтересиран и Челси. Милан исто така го сака 20-годишниот играч на Каљари, Николо Бареља. 2-та клубови имаа средба за него и тој ќе биде полесна мета од Наинголан.