Познат наследникот на Џиџи Буфон во Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон најави завршување на кареирата в0 2018-та година.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња брани како во најдобрите денови и е помеѓу најзаслужните за големите успеси на торинскиот клуб.

Сепак, на крајот на следната сезона Буфон ќе ја заврши кариерата. Одлучи да се прости на СП во 2018-та година во Русија, а неговиот наследник во Торино ќе стигне ова лето.

Според медиумите во Италија, нов голман на старата дама ќе биде младиот Алекс Мерет, голманот на Удинезе кој минатата сезона ја помина на позајмица во Спал.

Со овој клуб Мерет успеа да влезе во Серија А, а заработи и повик во репрезентацијата на Италија.

Наскоро Мерет би требало да го облече дресот на Јувентус. Старата дама започна да преговара со Удинезе за трансфер.

Мерет ова лето најверојатно ќе биде втор голман на бјанконерите. Сезоната ќе ја помине така што ќе учи од најголемиот италијански голман, а од следната сезона ќе биде прв голман.