„Зверев е голем професионалец“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ник Кирјос кажа дека Зверев е голем професионалист.

Кирјос е познат како тенисер кој нема многу дисциплина и поради тоа неговите резултати не се уште подобри, а тој одлучи да го пофали Зверев кој го освои неодамна својот прв Мастерс турнир.

„Зверев игра одлично и има голема иднина пред себе. Одличен е и голем професионалист во исто време. Тоа е очигледно нешто што на мене не ми успева. Ќе има одлична кариера и е помлад од мене.“

Да потсетиме, Зверев со 2:0 во сетови го победи Ѓоковиќ во финалето на Рим.