Интер – Се почнува со голема продажба, кинезите ќе вложуваат во овој дрим тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новиот тренер на Интер ќе има одличен тим иако нероазурите ќе го продадат најдобриот фудбалер. Дали ова е стартниот состав за ЛШ?

Лучано Спалети најверојатно ќе биде нов тренер на Интер. Антонио Конте не е ниту блиску, како ниту Диего Симеоне, па актуелниот тренер на Рома остана како решение.

Интер ќе го продаде еден од најдобрите фудбалери од минатата сезона. За Перишиќ наводно пристигнала понуда од 55 милиони евра од ПСЖ, а се очекува и понуда од англиски клубови, тој и Брозовиќ би требало да ја наполнат касата.

Кинезите ќе ги продадат двајцата хрвати за да останат во границите на финансискиот ферплеј бидејќи имаат намера да вложат голема сума на пари во тимот.

Она што се знае е дека ќе останат Хандановиќ, Гаљардини, Кандрева, Марио и Икарди. Ќе има големи промени во одбраната, Костас Манолас ќе биде засилување и со Миранда ќе бидат нов дефанзивен тандем.

Спалети го сака и Рудигер, но тоа е тешка мета, се споменува Данило на десната бековска позиција, а на левата би требало да пристигне Лукас Дињ после неуспешната епизода во Барселона.

Ќе се обидат да го доведат и Пепе од Реал кој е слободен фудбалер бидејќи сметаат дека таков лидер им е потребен во соблекувалната.

Ако Перишиќ замине во ПСЖ, дел од договорот би можел да биде и доаѓањето на Криховиак кој не ги исполни очекувањата после доаѓањето од Севиља.

Тој и Гаљардини ќе играат на средината на теренот, а во офанзивата со Кандрева, Санинг ќе го додаде и Берарди од Сасуоло.

Во нападот е Икарди. Желба е и Ди Марија, но тоа се нереални амбиции. Бараат уште еден фудбалер во офанзивата, се споменува Бернардески, а тимот би можел да изгледа вака:

Хандановиќ
Данило(Дармијан), Миранда(Пепе), Манолас, Дињ
Гаљардини, Криховиак
Кандрева, Берарди, Марио
Икарди

Интер ќе ги продаде и Муриљо и Банега, најверојатно ќе останат Кондогбија и Ансалди, Ди Амброзио го продолжи договорот, Габигол ќе биде пратен на позајмица, а се бара решение за заминување на Едер и Нагатомо.