„Агаси беше во иста ситуација како мене“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ пред неколку денови објави дека нов тренер ќе му биде Андре Агаси.

Многумина се прашуваа зошто го одбрал токму Агаси, а тој реши да го објасни својот избор.

„Во текот на минатите недели, разговарав со голем број поранешни тренери, затоа што сакав да го слушнам нивното мислење. Најдобро се разбрав со Агаси. Нашите стилови се слични, а тој секогаш ме инспирира. Но најважно од се, тој имаше исто искуство како мене.“

Да потсетиме, Новак во последните 10 месеци е во големи проблеми. Поранешниот прв тенисер денес не може да поврзе 2 добри турнири, иако во минатото доминираше во светот на тенисот.