Официјално: Геце потпиша за Баерн!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн денеска објави дека се одлучи да потпише договор со Феликс Геце, кој е помлад брат на далеку популарниот играч на Борусија Дортмунд, Марио Геце.

Баварците денеска потврдија дека Феликс Геце официјално потпиша договор со овој клуб во кој ќе остане до лето 2019 година.

Феликс е помладиот брат популарниот Марио Геце и токму со него пред неколку години стигна во Баерн во пакет од Дортмунд.

Марио Геце во минатото лето се одлучи да се врати во Дортмунд што тешко падна на неговиот помлад брат.

Феликс имаше доста турбулентна сезона, но баварскиот клуб се одлучи да му понуди договор и во наредната сезона за него ќе биде прва како професионален фудбалер.

„Среќен сум што добив прилика да се докажам како професионалец во Баерн и дека ќе дадам се од себе да ја оправдам нивната доверба“, рече Феликс Геце.