Во наредната недела Милан го добива и наредното засилување!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кеси во наредната недела на прегледи во Милан!

Играчот за врска на Аталанта Френк Кеси најверојатно во наредната недека ќе оди на прегледи во Милан.

Како што јавуваат медиумите во Италија, Милан го договори трансферот на репрезентативецот на БСК, кој позади себе има добра сезона во Аталанта.

Кеси во наредната недела треба да биде на Сан Сиро, со цел да ги одработи лекарските прегледи и тогаш да потпише договор со Росонерите.

Официјално во Милан ќе биде претставен на почетокот на јули, кога ќе се отвори летниот преоден рок, а освен него во Милан ќе дојде и стоперот на Виљареал Матео Мусачо.

Кеси има 20 години и игра на позиција централен играч за врска, а Мусачо ќе ја засили последната линија, каде што и најмногу чкрипи во Милан.

during the Serie a match between Atalanta BC and FC Torino at Stadio Atleti Azzurri d’Italia on September 11, 2016 in Bergamo, Italy.