Легенда на Милан се враќа во Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо се враќа во Милан.

Големиот миленик на навивачите ќе го преземе младиот тим на Милан и тоа место ќе го замени досегашниот тренер Стефано Нава.

Нава не ги задоволи очекувањата на Управата на италијанскиот гигант.

Договор меѓу новите челници на Милан и Гатузо веќе е постигнат, а поранешниот тренер на Пиза во наредните денови ќе стигне во Милан на официјален потпис, пренесува СпортИталија.

Гатузо го прифати новиот клупски проект и се откажа со работа во професионалните тимови, но може тоа е само подготовка за преземање на диригентската палка во првиот тим на Милан.

Гатузо играше за Милан од 1999 до 2012 година и освои по две титули ЛШ и италијанска Серија А, и едно Светско клупско првенство.

Во дресот на Милан настапи 467 пати и постигна 11 погодоци.