„Победата во купот нема да ни ја поправи лошата сезона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Арсенал, Велкбек признава дека оваа сезона била лоша, без разлика што ќе се случи во купот.

Арсенал оваа сезона во ПЛ не успеа да стигне до позиција која води во ЛШ, а тоа се случи прв пат по 2 децении.

Сепак, тимот на Арсенал во сабота ќе има шанси да стигне до еден трофеј и тоа против Челси во финалето на ФА купот.

„Навистина разочарувачка сезона. Оваа сезона не беше добра за никого. Имаме шанса да го поправиме впечатокот барем малку овој викенд.“

„Имаме шанса да играме во финале и да се бориме за трофеј. Тоа е позитивно, но не може да ја замени нашата лоша позиција во лигата.“

„Сакаме да победиме поради тренерот, но и поради нас во тимот, како и поради навивачите.“