„Ќе научиме многу од ова и ќе бидеме посилни“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Ајакс, Питер Бош изјави дека неговите фудбалери и понатаму имаат многу да учат.

Ајакс во финалето во ЛЕ беше поразен од Јунајтед со 2:0.

„Мислам дека натпреварот беше досаден, без многу шанси. Вечерва не го гледав Ајакс на каков што имав навикнато, кој игра добар фудбал, висок пресинг и доминација. Не бевме доволно добри и му честитам на Јунајтед.“

„За сите мои играчи ова беше прво финале. За освојување на трофеј, прво мораш да играш финале и да учиш од нив. Сите играчи кои играа денес научија многу.“