„Тој сеуште го нема надминато Брајант“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот кошаркар на Чикаго, Скоти Пајпен ги спореди Џејмс и Брајант.

Иако Џејмс од сезона во сезона се повеќе доминира, Пајпен верува дека тој сеуште го нема надминато Брајант.

„Не мислам дека Леброн го надмина Коби. Сметам дека Леброн не треба да се споредува со играчи како Џордан или Брајант. Мислам дека Леброн е сличен со Џонсон и мене.“

Пајпен во текот на кариерата освои 6 титули во НБА лигата, а покрај за Чикаго, тој играше за Хјустон и Портланд.

Кариерата ја заврши во 2008-та година.