Џејмс го престигна Мајкл Џордан на врвот на листата на стрелци во плеј-офот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс игра фантастично во плеј-офот и руши рекорди.

Тој синоќа го престигна Мајкл Џордан на првото место по број на постигнати поени во плеј-оф.

Џејмс го предводеше својот тим до победа со 35 поени, 8 поени и 8 асистенции. Кралот Џејмс го симна од тронот Мајкл со постигнатата тројка во финишот на третата четвртина.

На Леброн за овој успех му беа потребни 212 натпревари, а Џордан своите 5.987 поени ги постигна на 179 натпревари.