„Не гледам на Мареј, Ѓоковиќ или Федерер како на легенди“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот тенисер Зверев изјави дека сите противници ќе ги смета еднакво, затоа што тоа е единствен начин да се избори и со гигантите во овој спорт.

Младиот Германец оваа недела влезе во топ 10.

„Нормално е дека кога играте прв пат против Федерер, Ѓоковиќ или Мареј имате трема, но по некое време, тие ви стануваат само ривали, луѓе кои ги гледате секоја недела. Тоа е начин на кој мора да размислувате. Не смеете да гледате на нив како на легенди.“

„Мора секој ривал да го гледате на ист начин. За среќа, го научив тоа брзо.“

Тој по Мастерсот во Рим, ќе настапува на Ролан Гарос.