Милан со ултиматум до Раиола!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во долгата сага за обнова на Џиџи Донарума, сега Милан размислува да избере цврст став.

Според Кориее Дела Сера, клубот издаде ултиматум до Мино Раиола, агентот на голманот на Росонерите: до јуни да го обнови договорот кој истекува на крајот од 2018 година, или цена година ќе ја помине на трибините.

Фасоне и Мирабели немаат намера да го остават прашањето за почетокот на новата сезона.

Исто така, според Корсера, Милан веќе го предупреди Раиола дека немаат немера да го стават Донарума на трансфер листа, со или без обнова, иако има заинтересирани (поготово Манчестер Сити и Пеп Гвардиола).

После пораката на Монтела од пред неколку дена (Џиџи мора да сфати што значи да порасне“) и сега оваа одлука, очигледно е дека Милан брза да ги дефинира работите со својот бисер.

И време е!