„Операцијата не е прва опција“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Одличниот играч на Бостон го повреди колкот во вториот натпревар против Кливленд. Тие успеаа да го изненадат тимот на Кливленд во третиот натпревар, но на крајот Кливленд се пласираше во финалето.

Освен испаѓањето од плеј-оф, лоша вест за навивачите на Бостон беше и повредата на Томас.

Тој верува дека операцијата не е прва опција, иако сеуште не е исклучена таа можност.

„Операциите не се прва опција засега, но би можеле да бидат. Докторите сакаат да почекаат да падне отокот за повторно да има магнетна резонанца. Тогаш ќе видиме. Се надевам дека нема да мора да одам на операција, но знам дека тоа е опција за понатаму.“