Ултиматум до најдобриот голман на Европа – Нов договор до 30-ти јуни или се селиш на трибините!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зад целата приказна стои Раиола, а Милан нуди големо зголемување на платата.

Започна да се гради Милан. Донарума е гледан како столб околу кој може да се изгради иднината на Милан. Посебно не по вестите кои во саботата ја „запалија“ Италија, а тоа е ултиматумот на клубот.

Тој гласи:

„Или ќе потпишеш договор или ќе се преселиш на трибините.“

Јасен притисок на Донарума, чија актуелна соработка завршува наредното лето. Милан сака да се обезбеди и да ги одбие интересите на Јувентус кој во него гледа наследник на Буфон.

Милан му понуди соработка на 4-5 години и истата ќе изнесува 3.5 милиони евра годишно. Тоа е огромна разлика во платата, затоа што Донарума во моментов зарабтоува 250.000 евра.

Донарума сака да остане во Милан, но Раиола го спречува тоа. Според медиумите, познатиот агент сака да го однесе голманот во некој тим каде што ќе има подобра плата. Со самото тоа и тој ќе добие поголема провизија. Па поради тоа постои шпекулацијата дека Сити сака да го плати Донарума неверојатни 70 милиони евра, но во трката се вклучува и Јунајтед.

Не е исклучена можноста дека приказната за ултиматум е обид на Милан да изврши медиумски притисок врз Донарума.

„Донарума знае дека може да стане легенда на Милан. Пред него се уште 20 години од кариерата, а има шанса да испише историја со овој тим. Се надевам дека ќе остане. Единствен совет кој можам да му го дадам е дека заштитниот знак на клубот е повреден од парите.“, изјави Гатузо.