Трофеј за утеха – Барселона го освои купот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го освоија кралскиот куп. Тие во финалето го победија Алавес со 3:1 и така лошата сезона ја завршија со трофеј.

Добар натпревар беше виден во Мадрид, особено во првото полувреме кога беа постигнати 4-те голови.

Алавес ја имаше првата голема шанса. Гомез ја погоди стативата на голот, но во наредниот напад следуваше казната. Меси погоди за 1:0.

Само 3 минути подоцна со прекрасниот гол на Ернандез израмни Алавес на 1:1.

Меѓутоа до крајот на полувремето Барселона постигна уште 2 голови и тоа во 45-та минута погоди Нејмар за 2:1 и Алкасер во 48-та за 3:1.