ДФБ Покал – „Четврта среќа“ за Борусија од Дортмунд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Борусија од Дортмунд славеа во финалето на германскиот куп.

Избраниците на Томас Тухел на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го совлада Ајнтрахт од Франфурт со резултат 2:1 (1:1)

Веќе после осум минути игра, Милионерите доаѓаат до предност преку францускиот интернационалец Осман Дембеле.

Пишчек го проигра, одличниот офанзивец на Дортмунд со одличен потег го испрати својот чувар „по бурек“, потоа упати ефектен удар и го матираше немоќниот Храдецког.

Сепак, 20 минути подоцна,  грешка на одбранатана Дортмунд, лошо одработија офсајд замка, српскиот репрезентативец Мијат Гациновиќ одлично го проигрува Ребиќ, а хрватскиот интернационалец го матира Бурки за 1:1.

Добра шанса за Ајнтрахт да дојде до пресврт имаше Харис Сеферовиќ, но швајцарскиот репрезентативец за малку беше непрецизен.

До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот, а на самиот старт на вториот дел Тухел прави две замени и наместо Ројс и Шмелцер го внесува Пулишиќ и Кастро.

Се играше 64 миута кога Обамејанг беше во одлична шанса, одлично со популарното „макази„ ја зафати топката,но еден од дефанзивците од гол линијата ја сочува мрежата на Ајнтрахт.

Сепак, само две минути подоцна, голманот на Ајнтрахт прави прекршок, а Денис Ајтекин досуди пенал за Дортмунд.

Обамејанг беше прецизен за ново водство на Милионерите.

Имаше Габонецотр добра шанса да стави точка на овој меч во 85 минута, но голот овој пат го спречи стативата.

На крајот победа на Борусија, Томас Тухел доаѓа до својот прв трофеј во кариерата.