„Го копирав Џордан уште од мал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Кливленд, Џејмс во 5-от натпревар во Истокот против Бостон го премина Џордан по бројот на поени во плеј-оф серијата.

Тој во разговори за медиумите кажа дека од мали нозе правел се што правел Џордан.

„Правев се што правеше Џордан. Го копирав уште од мал. Се обидував да шутирам како него додека не бев во состојба да изведувам такви удари. Се трудев и стигнав до овој успех. Правев се како што правеше тој, носев се што носеше тој. Единствено ми остана косата.“

Џејмс со Кливленд ќе игра во финалето против Голден Стејт, а серијата започнува на 2-ри јуни во 3:00 часот.