„Морам да го прифатам фактот дека се мачам“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Енди Мареј е фрустриран што трет пат оваа сезона има здравствени проблеми.

Тој во последно време се мачи со формата, но се надева дека ќе се извлече од кризата.

„Последните месеци не играв добро. Имав и неколку проблеми. Морам да го прифатам фактот дека се мачам и да побарам начин да се изборам со тоа, а сигурен сум дека ќе успеам. Се надевам дека во наредните неколку денови ќе успеам да се вратам.“

„Напорно е, затоа што ова е трет пат во сезона да ги пропуштам тренинзите поради болест. Да бидам искрен, такви работи би требало да се случуваат и почесто, со оглед на тоа колку патуваме и колку е долга сезоната.“