Од Чемпионшип до една од најсилните репрезентации во светот – Лопетеги нов селектор на Шпанија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Висенте Дел Боске доби наследник.

Пред неколку дена го доведуваа во врска со Волвс и Нотингем Форест, но Џулен Лопетеги ова лето ќе предводи една од најсилните репрезентации во светот. Фудбалскиот сојуз на Шпанија го именуваше за наследник на Висенте Дел Боске.

Хоакин Капарош беше фаворит, но во шпанскиот сојуз добро ги познаваат квалитетите на Лопетеги, а и добро ги познава фудбалерите. Тој ја предводеше шпанската репрезентација до 19 години до ЕП титула во 2012-та година, а во 2013-та ја предводеше до титула до 21 година.

Досегашниот тренер на Порто нема да има лесна задача бидејќи Дел Боске го покори светот во 2010-та година, во 2012-та ја одбрани титулата на ЕП, но потоа не можеше да стигне до титула. Лопетеги беше тренер на вториот тим на Реал и на кратко беше во Рајо Валекано.