Стеф Кари сака да го расипе расположението на Кливленд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кливленд и Голден Стејт по трет пат по ред ќе играат во финалето на НБА лигата, а ѕвездата на Голден Стејт, Кари има голема желба да ја расипе добрата атмосфера во тимот.

„Во поголем дел од случаите знаете што ќе прави ЛеБрон, а знаете што ќе прави Ирвинг. Го знаете нивниот стил на игра. Добро ги познаваме. Освен тоа, мислам дека имаат добра хемија во тимот и добра атмосфера. Изгледа дека добро се забавуваат, но ние тоа ќе го смениме.“

Голден Стејт сигуро ќе сака да им се одмазди на Кливленд и нивното неверојатно враќање во финалето од минатата година, кога Голден Стејт имаше водство од 3:1, а на крајот Кливленд победи.