Ужасни вести за крај на сезоната – Тешка повреда на Емерсон!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Левиот бек на Рома, Емерсон е тешко повреден во натпреварот против Џенова.

Овој Бразилец по 18 минути игра мораше да излезе од теренот. Веднаш се виде дека станува збор за повреда, а по дополнителните прегледи, тоа беше потврдено.

Емерсон ги скина лигаментите на левото колено и денес ќе оди на операција.

Оваа повреда бара и подолго отсуство од теренот и 23-годишниот играч ќе отсуствува околу 6 месеци.

Оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.